По долга неизвесност и по речиси 27 часа исчекување, Државна изборна комисија ги објави официјалните бројки за освоените пратенички мандати на партиите од вчерашните парламентарни избори.
Државната изборна комисија повеќе од 25 часа од затворањето на гласачките места, немаше официјални информации и 100% обработени податоци за бројот на освоени гласови и пратенички места, со што го прекрши Изборниот законик.
Ова е голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ со освоени повеќе од 453.000 гласа. Победата е уште поголема ако се земе предвид тоа дека и “Меѓународната заедница” беше во “коалиција” со СДСМ.
Идеалите на Македонците ќе бидат зачувани. Нема да има двојазичност и поделба на државата.
Останува да видиме дали лидерот на опозицијата ќе си стои на зборот и ќе си даде оставка после поразот.