Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, пред два дена овде на ова место се фотографираа и полагаа некаква почит кон хероите чии дела и жртва ја продадоа. Колку и да се поклонуваат, не можат да ги исперат гревовите за тоа што го направија продавајќи ја историјата, достоинството и гордоста на соптвениот народ – истакна на денешната прес конференција Иван Младеноски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Последиците од договорите со Бугарија и Грција со кои нивниот лидер Зоран Заев се согласи на капитулација и го понижи својот народ, допрва ќе ги гледаме и чувствуваме сите.
Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна.
Без срам и без никакво чувство, буквално како ништо да не било, се прават патриоти, а целата нација знае дека се најголеми предавници кои историјата ќе ги памети и ќе им суди.
Како се поклонувате пред ликот и делото на луѓето што се бореле за слободата на Прилеп и Република Македонија, а окупаторите против кои се бореле сега со вашиот предавнички договор не биле окупатори?
Вие немате никакво право на паролата која ја истакнувате, затоа што ништо не направивте за да ги зачувате и унапредите делата на борците чии коски почиваат овде во алејата на хероите.
Вие сте само соучесници во овој современ геноцид кој секојдневно се извршува врз македонскиот народ, геноцид кој значи бришење на историјата и посебноста на Македонците.
За среќа граѓаните ве проценија и сега знаат, па затоа со нетпрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места.
Тоа ќе се случи и на идните парламентари и на идните локални избори.
Вие ќе бидите запомнети како дел од неславната историја на Македонија и македонскиот народ и со тој белег ќе се носите пред идните генерации”.