СДСМ ја партизира администрацијата и ја користи во свои партиски цели. Спротивно на сите меѓународни конвенции Сугарески и Талески од вработени во државната администрација барале како против надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Станува јасно дека Заев лажеше за датум за преговори. Датум немаме и нема да имаме заради партизираната и политизирана администрација. Спротивно на Копенхашките критериуми и принципот на владеење на правото, се уништува принципот на владеење на правото, но и се повредува принцпот на јасна дистинкција помеѓу државата и партијата и се врши злоупотреба на државните ресурси. ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ чекуваат ЈО да постапи согласно закон и да поднесе кривична пријава против Сугарески согласно чл.353 од КЗ.
-Дополнително ја повикуваме Антикорупциска да постапи согласно чл.40 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој јасно забранува на лица кои вршат државни функции да влијаат при вработувања. Доколку институциите ја немаат слушнато аудио снимката ние го испраќаме линкот од истата која е постирана на Јутјуб. Доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески против истите ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија, стои во соопштението на партијата.