ВМРО-ДПМНЕ по 100 дена се враќа со повисок рејтинг кај Македонците, а Албанците со помала доверба кон СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност од СДСМ кај Македонците покажуваат резултатите од најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект.

Во анкетата на ТВ Телма и МЦМС, опозициската ВМРО-ДПМНЕ води со 25,4 отсто наспроти 22,5 отсто за СДСМ кај Македонците.

Од друга страна пак од самата анкета може да се забележи и намалената доверба на СДСМ кај граѓаните Албанци.

На прашањето „доколку се одржат парламентарни избори за која партија би глчасале?“, за СДСМ би гласале само 3,7 од испитаниците Албанци.

Имено збирот на процентите на владината коалиција изнесува 29,1 отсто. Или, поединечно СДСМ 18,6, ДУИ 6,7, ДПА 1,4 и Беса 2,4 проценти. Најпроблематични се процентите за ДПА и Беса. Зашто, и двете партии пред последните парламентарни избори имаа рејтинзи на ниво на статистичка грешка, а сега се со покачени и тоа во услови на катастрофални први 100 дена Влада.

Од друга страна пак по истиот принцип, опозицијата, има рејтинг од 29,6 отсто. И тука мора да се има превид дека, на пример, Алијанса и Алтернатива се земени како посебни политички субјекти, исто како и Интегра, за која се најде место на листата како вонпарламентарна партија. Поединечно гледано, ВМРО-ДПМНЕ има 18,1%, Алијанса за Албанците 4,6, Алтернатива 0,5, Левица 6,2 и Интегра 0,2 отсто.

Бројките од најновата анкета го потврдуваат опозиционото расположение кај граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.