ВМРО-ДПМНЕ ОДЛУЧИ! Определен терминот за големиот народен протест!

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Централниот комитет одлучи датумот за големиот народен протест да биде 2 јуни пред Владата, информираат извори од партијата.

Протестот неодамна го најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а денеска генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека денеска ќе се знае и точниот датум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.