ВМРО-ДПМНЕ започнува со големи протести: “Партијата ќе го поведе народот против ненародната власт”

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница донесе одлука во наредниот период да организира протести со кои што ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт која секојдневно ја зацрнува судбината на македонските граѓани.

Првиот протест се планира за среда, 28.11.2018 година, на точно една година од најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, заедно со уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија.

ИК заклучи дека од доаѓањето на новата власт државата само тоне, а граѓаните се обвиткани во црна сиромаштија.

Ова е црно време за македонската економија, во кое образованието е девастирано, земјоделието тоне, здравството е во хаос и буквално секој сегмет на општеството е завиен во црнило.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека истата само тоне во сиромаштија, криминал и корупција, информираат од партијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.