ВМРО-ДПМНЕ: Заев се откажува од градоначалник, бидејќи му треба пратеничкиот имунитет

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е свесен дека се ближи денот кога нема да му помогне ниту една лага и ќе мора да се соочи со одговорноста за направените криминали. Затоа на аболицираниот лажго Заев му треба пратеничкиот имунитет. Тоа е првата и основна причина поради која се откажува од градоначалничкиот мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

vmro-dpmne-2

-Втората причина поради која аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучува да го жртвува градоначалничкиот мандат е затоа што е свесен дека неговата политичка кариера е на самиот крај. Граѓаните на 11 декември масовно одговорија дека не се согласуваат аболицирани криминалци да ја водат државата, а Зоран Заев знае дека таков одговор ќе добие и од струмичани на следните локални избори. Кражбите и изнудите од типот „едно евро за Вицето, едно за црквата“ ќе останат само сеќавање на црното минато и како не смее да работи еден локален функционер, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.