ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ ПОДДРШКА ОД БРИСЕЛ: Опозицијата има поддршка да ја формира новата Влада која ќе ги забрза евроинтеграциите

На 14 и 15 Октомври Меѓународниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, присуствуваше на Политичкото Собрание на Европската народна партија (EPP). Во текот на Собранието се разгледуваа повеќе значајни прашања поврзани со внатрешната организација на EPP, како и предизивиците на ЕУ и позициите на EPP во врска со истите. Во врска со процесот на проширување, се афирмираше ставот за кој ВМРО-ДПМНЕ долго лобираше, а тоа е дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат датум за отпочнување на пристапни приговори, но истовремено треба да се вложат и дополнителни напори за реформи, и тоа најпрво во правосудниот систем.

Муцунски во рамките на својата посета успеа да се сретне со повеќе чинители во Брисел.

Во Европскиот парламент тој имаше издвоени средби до Дејвид Мекалистер од ЦДУ (Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Потпретседател на EPP), Пауло Рангел од Португалската ПСД (Европратеник и Потпретседател на EPP), Карло Реслер ОД ХДЗ (Европратеник) како и Патрик Волер од Австриската ОВП(Меѓународен Секретар на EPP).

На сите средбите се афирмираше дека е добро Република Македонија час поскоро да добие датум за отпочнување на пристапни преговори, но и потребата од забрзани реформи во нашето општество кои ќе станат видливи преку строга примена на усвоени реформски закони.

Муцунски ги информираше соговорноците за широката распространетост на корупција која ќе мора од страна на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде системски искоренета.

Соговорниците напоменаа дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе формира Влада после следните парламентарни избори ќе ја има целосната поддршка од сите институции во Брисел да ја стави Република Македонија на брза трака за членство во ЕУ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.