Прес конгеренција на Петар Ристески, координатор на советничката група при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и Коалицијата “За подобра Македонија”.
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес конференција)
“Пред неколку дена, сведочевме за големо невреме од кое најзафатени беа селата Големо и Мало Коњари, Кадино село и околината, при што им беше нанесена огромна штета на земјоделците кои своите површини ги имаа засадено со тутун, жито, пипер и други култури. Преку 300 хектари површина, засадени со секакви култури беа 100 оштетени.
Земјоделието е основна дејност за овие жители, со кои ја прехрануваат својата фамилија, па така како резултат на ова силно невреме, истите трпат огромна штета, без можност чесно да го заработат своето парче леб.
Токму затоа треба да се слушнат нивните барања и потреби, а тоа е дека им е неопходна помош за да преживеат, помош која би значела обештетување на овие земјоделци. И не е доволно само комисијата за елементарни штети при Советот на Општина Прилеп да свика седница и да оформи комисија што ќе направи проценка за настанатата штета, туку да се изнајде начин преку општината и министерството за земјоделие, да се обештетат овие луѓе кои деновите ги минуваат во агонија и исчекување.
Сведоци сме дека преку фондот за иновации се фрлаат милионски суми за новоформирани претпријатија, фирми поврзани со најблиските луѓе од СДС, за некакви чудни проекти кои треба да се реализираат во иднина. Ова не е никаков иден проект, ова е моментален проблем кој не смее да трпи одлагање, проблем кој не смее да останe нерешен, и токму затоа барам во најскоро време да им се помогне на земјоделците.
Затоа ние како советничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бараме свикување на итна седница на советот на Општина Прилеп на која би присуствувал и министерот за земјоделие и на таа седница би се изнашол начин како да се обештетат комплетно и навремено земјоделците од Општина Прилеп”.