ВМРО-ДПМНЕ: “Го yништивтe Прилеп за 2 гoдини” (Видео)

Две години СДСМ во Прилеп се две години измами, криминал, неработа,неспособност и непотизам од градоначалникот Илија Јованоски. Наместо живот во Прилеп, градоначалникот Јованоски и СДСМ донесоа лаги и манипулации за прилепчани – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Ветуваа се’ и сешто, ветуваа европски Прилеп, ветуваа мал милион инфраструктурни проекти и решенија, а реалноста е катастрофални 7 проценти реализирани капитални инвестиции во тековната 2019 година.

Еве јавно го прашуваме градоначалникот Јованоски, каде се ветувањата за 2 нови спортски сали, за две обиколници, за реконструкција на Старата чаршија, за нови градинки, ново училиште, реконструкција на соколаната, ставање во функција на Универзалната сала и затворениот базен во сала Македонија?

Што се случи со ветувањето за поддршка на младите и нивните бизнис идеи, кои како никогаш порано се иселуваат од Прилеп и заминуваат во потрага за подобар живот?

Почитувани,

Се што кажаа, се излажаа, немаат ништо реализирано за подобар и поквалитетен живот за прилепчани.

Стопанството и економијата тонат, а нивното владеење не донесе ниту едно ново вработување и ниту една нова инвестиција во индустриските зони.

Наместо проекти и мерки, наместо вработување на квалификувани луѓе, градоначалникот Јованоски ги вдомува своите најблиски по локалните и државните институции и врши партизирање на инситуциите.

Тешко на прилепчани со вашиот прав пат кој донесе за 60% повисоки сметки за вода, наместо ветените за 20% пониски од градоначалникот Јованоски.

Тешко на прилепчани со вашата ароганција, со вашето дрско однесување и секојдневно понижување.

Наместо ветувањата за нов театар, чис воздух и здрава еколошка средина, како и спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, на прилепчани им возвративте со двојазични табли, деградирање на делото и борбата на хероите од НОБ и понижување на нивната вековна борба за самостојна држава Република Македонија.

Почитувани,

Ова накратко е нивното “БЛЕСКАМЕ”, вака Прилеп “блеска” односно уназадува во изминатите 2 годни кои ќе бидат запомнети како најцрните денови од неговото постоење.

За сите овие мегаломански лаги и сето ова патолошко лажење, граѓаните со нетрпение чекаат да ви пресудат на избирачките места.

Прилепчани директно ја чувствуваат неспособноста, неработењето и негрижата на Јованоски и власта на СДСМ и затоа следува обнова на државата.

Многу набрзо доаѓа обнова на Прилеп од луѓе кои сериозно ќе го придвижат градот и државата и ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Расчистуваме со оваа ненародна политичка хунта, со ова злосторничко здружување, кое ги тероризира, понижува и растура македонскиот народ и нашата држава Република Македонија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.