ВМРО-ДПМНЕ ветува 36.000 денари плата за наставниците и 100.000 денари за универзитетските професори (Видео)

Реформи во образованието и зголемување на платите на наставниците и универзитетските професори, се дел од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за кои денеска на прес-конференција зборуваше Весна Јаневска.

„Наставниците ќе добијат повисока плата како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат во образованието на најмладите од кои ќе се продуцираат нашите научници, нашите политичари, нашите филозофи, нашите доктори. Платата на наставниците ќе биде според колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36 000 денари. Тука да не ги пропуштам професорите, како што веќе слушнавте, платата на универзитетските професори ќе достигне до 100 000 денари“, истакна Јаневска.

Целосната прес конференција проследете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.