ВМРО ДПМНЕ Битола: “Состојбата со пожарите во Битола алармантна, само во првите три месеци се случиле 68” (Видео)

Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Битола е повеќе од алармантна. Во првите три месеци од 2019 на подрачјето кое го покрива ТППЕ се случиле 68 пожари на отворен простор и тоа најголемиот дел од нив во близина на населените места Острец, Кишава, Драгожани, Лисолај, Ротино и Цапари. А, во истиот овој период мината 2018 се случиле само 16 пожари – порача на прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, Иванчо Тошевски.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Како резултат на пожарите направена е поголема штета на дабова и букова шума, а едниот од пожарите бил со голем ризик од зафаќање на моликата. Во текот на овие три месеци во сообрајќајни незгоди веќе настрадале три лица. Криминалитетот е во пораст и во второто полугодие од 2018 се забележани 179 тешки кражби на станови, куќи и викендици, а во истиот период од 2017 имало 139. Бројките се показател дека во моментов имаме целосно затајување на надлежните институции. Петровска во три наврати наназад одби да зборува на овие теми или да одговори на советнички прашања, а на последната седница на Советот на Општина Битола мнозинството не го прифати предлогот за разгледување на безбедносната состојба.

Како претседател на комисијата за безбедност веднаш свикав седница на која присуствуваа претставници од СВР Битола, командирот на ТППЕ и претставник од Општината. Дел од сооветниците од власта не дојдоа, а после предлогот на присутните за формирање на тим за превенција од пожари и други мерки седницата ја напушти уште еден советник од власта и поради немање на кворум за работа предложените мерки не беа усвоени.

Почитувани битолчани,
Станува збор за истата Наташа Петровска и „нејзините“ советници кои многу ветуваа, а денес видовме дека бегаат од проблемите дури и кога е во прашање вашата безбедност”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.