ВМРО-ДПМНЕ: Bладата веднаш да извpши 100% зголемyвање на cyбвенциите на тyтyнот

Главниот виновник за проблемите со кои се соочуваат тутунарите во моментов е Зоран Заев. Заев е човекот кој дозволи увоз на тутун со што ја спушти цената на тутунот на домашниот пазар, го загрози домашното производство, но и остави простор за големи количини да останат неоткупени, изјави на денешната прес конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заеви се влезени во бизнисот со тутун, и го гледа само својот бизнис интерес, а не интересот на тутунарите. Тутунарите,нивната мака и труд се целосно погазени и потценети. Во моментов имаме за класа до две пониска проценка со што цената на тутунот е за повеќе од 60 денари пониска од истиот период минатата година. Годинава ја имаме буквално најниската цена на тутунот по 2005 година. Дополнително илјадници семејства немаат каде да го продадат својот тутун затоа што има над 3 милиони тони тутун за кој немаат потпишано договори, вели тој.

Трипуновски тврди дека власта не нуди конкретни решенија, туку ги влечка тутунарите по состаноци на кои им ветуваат работи, кои не држат ниту до наредниот состанок.

– Пред да биде доцна, пред тутунот да скапе, а тутунарите да останат без леб предлагаме веднаш на владина седница да бидат усвоени следниве мерки :

1. Зголемување на субвенцијата за тутун за 100% односно од сегашните 60,70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва класа, со што ќе се надомести разликата во цената која што се случува во моментот на терен. Пари за оваа мерка има доволно во Буџетот ако се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што власта самите си ги изгласа само пред неколку дена.

2. Државата да интервенира со обезбедување на пари и преку тутунскиот комбинат Прилеп да го откупи вишокот на тутун до последното ливче.

3. Под итна постапка да се измени законот за тутун и да се врати старото законско решение со кое беше забранет увоз на тутун во Република Македонија.

4. Инспекторите од државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места и да го контролираат процесот и текот на откупот, додава тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.