ВМРО-ДПМНЕ: “20:30 денеска Прилеп крева глас против двојазичноста, новото име и хаосот во градот – Митинг на плоштадот “Ченто”

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на општина Прилеп на голем народен митинг во петок (12.04.2019), со почеток од 20:30 часот, на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”.

“Да застанеме сите зад правото и правдата во Република Македонија и да ја поддржиме Професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на државата. Доаѓа крајот на владеењето на оваа одродена власт, а првиот чекор до победата се токму претседателските избори. Македонија ќе добие жена за Претседател!”, велат во повикот од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.