Вложувањето во спортот е вложување во сопствената иднина.

Деновиве се уште сме под импресии од последниот успех на фудбалската репрезентација на Македонија  за фудбалери до 21 година.Сведочиме за моментот кога со голема возбуда и нетрпение го очекувавме финишот на натпреварот,единствени,сплотени,со една желба да ја видеме Македонија на завршницата на Европското првенство.Но деновиве сум сеуште под импресии и со уште поголема возбуда од  донесувањето на новите закони  но пред се измените во Законот  за Спорт во собранието на Р.Македонија,со што ќе се зголеми вложувањето во спортот.

slika

Вложувањето во спортот е вложување во сопствената иднина,во младоста,во здравиот живот а да не зборуваме за промоцијата на сопствената држава.

Во последните десетина години сме сведоци на историски вложувања во спортот пред се во спортската инфрастуктура,инвестирани се 100 милиони евра за изградба на:

-94 Спортски сали изградени од Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование,

-50 Фудбалски игралишта,

-83 Тениски игралишта,

-64 Повеќенаменски игралишта,

-5   Големи спортски игралишта,

-5  Фитнес зони,се планираат,20.

– Вештачка карпа за алпинизам,

– Арената Филип II

-Спортскиот центар Борис Трајковски(универзален спортски објект во чија близина има и Аква парк,Лизгалиште,Картинг,Куглана и др.).

Покрај вложувањето во спортската инфрастуктура,многу важни се и 500-те стипендии за млади спортисти што секоја година  ги доделува Агенцијата за млади и спорт,стипендиите кои се добиваат врз основа на постигнат успех на Европските и Светските првенства но и Спортските пензии.А Спорстката академија е проект кој  уште во средношколската возраст им овозможува на младите,професионално да се ангажираат во спортот.Но и наградата 8-ми Септември е многу мотивирачка пред се за тренерите и спортските работници кои се креаторите на спортските резултати.

Во континуитет на досегашните вложувања се и новите мерки кои ги промовираше Преседателот на ВМРО ДПМНЕ г-нот Никола Груевски  за зголемена подршка од  државата за Спортските федерации,Македонскиот Олимписки комитет,спортските клубови и активните спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови.

Првата мерка, е за зголемена финансиска поддршка од државата,средства,кои ќе се издвојуваат од приредувачите на игри на среќа во обложувалници и автомат клубови.

Втора мерка,ограничено ослободување од  данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат,спортисти,спортски клубови,спортски федерации и МОК .

Трета мерка,директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига.

Четврта мерка,ангажирање на врвни тренери од странство во спортските академии во Македонија.

Овие мерки вклопени и дополнети во Законот за спорт и Законот за добивка со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби,се гарант за загарантирано вложување во спортот и кои треба да придонесат за натамошен развој на спортот во Р.Македонија.

Круна на признанието за правилните и успешни политики на Р.Македонија во сопртот а пред се во спортската инфраструктура е и одлуката на Европската фудбалска федерација(УЕФА),градот Скопје,Фудбалската федерација на Македонија,да бидат организатори на Европскиот фудбалски Супер куп 2017,на кои ќе учествуваат актуелните шампиони на Лигата на шампионите и Лига Европа.Се очекува одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 да допринесе кон популаризација на фудбалот и на спортот воопшто,како и промоција на земјата со оглед на тоа дека станува збор за глобален настан кој се пренесува во скоро секоја земја во светот.

Спортот игра клучна улога во секое општество, придонесувајќи за социјална кохезија, надминување на предрасудите, зголемување позитивно влијание врз јавното мислење и ширење на етички и општите принципи кои се пренесуваат преку него. Спортот е една од  движечките сили за постигнување на Милениумските цели за развој на човечкото општество, како што е дефинирано од страна на Обединетите нации. Тоа е особено важна за модерниот свет кој многу брзо се менува, и која се карактеризира со тенденција да се создаде здрава и квалитетна услови за живеење.

Пишува: Трајче Димков

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.