Владо Јаневски доаѓа во Битола ќе одржи концерт во Голд Фелициа

Хитовите „Чаирска романтика“, „Повторно се заљубувам во тебе“ и уште многу други на македонскиот романтичар Владо Јаневски, на 16 декември ќе одекнат во Битола во комплексот Голд Фелициа, каде тој ќе одржи концерт, кој е втор од низата предновогодишни концерти во овој комплекс.

Од Голд Фелициа повикуваат да ги следите на нивните социјални мрежи

ФБ – https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

Инстаграм – https://www.instagram.com/gold_felicia_/

Таму тековно ќе бидат објавувани концертите во комплексот, како и промотивните понуди.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје во Чаир каде што и денес живее. Дипломирал англиски јазик и литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј . Течно зборува англиски, германски, италијански и руски јазик. Свири на гитара, пијано и тапани. Беше член на популарните бендови „ Тост Сендвич “ (1976), „ Бон-Тон “ (1986) како тапанар и „ Фотомодел “ (1989) и „ Ластовица “ (1992) како пејач.

Резервациите за концертот можат да се направат преку социјалните мрежи како и телефонскиот број 075 316 974 , а од Голд Фелициа препорачуваат резервациите да се прават навремено поради големата заинтересиранот и исполнувањето на капацитетот, кој е предвиден според ковид протоколите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.