На 30-ти септември да бојкотираме. Да си останеме дома, да ја пуштиме Васка Илиева и да ги пееме нашите македонски песни. Само така ќе може да го зачуваме своето достоинство и на 1-ви октомври да излеземе со гордо кренати глави – порача владиката Агатангел на денешната божествена света литургија што се одржа во црквата Св.Кирил и Методиј во Велес. На самиот почеток на обракањето на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска првославна црква.
Во своето обракање митрополитот Повардарски истакна дека ние не сме против ЕУ и НАТО, но да се бара промена на име е најголемата жртва што може да ја даде еден народ. Голготата на македонскиот народ почна со Тиранскиот договор, а изминатиот месец дозволивме многу мисионери да ни го труjат умот, рече владиката Агатангел.
По 30 – септември македонскиот народ ке добие камшици по своите грбови. Ќе немаме македонска армија, македонска академија на науки, а внуците ке се срамат од своите дедовци бидејки од Македонци, дозволиле да се прекрстиме во северномакедонци
И верниците кои денес беа на литургија се согласуваат дека промената на името е најголемата жртва што Европа ја бара од нас.
Во своето обракање митрополитотот Повардарски рече дека на многу верници им било забрането да дојдат на литургијата, а им се заканувале и со бркање од работа.