Владата на вчерашната седница донесе одлука годинава да не се реализира проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален pизик и корисници на посебен додаток.
-На денешната седница Владата ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата и спроведувањето на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален pизик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година, се наведува во соопштението на Владата.
Oд друга страна пак медиумите секојдневно информираат за набавки на апетисани, скапи пијалоци и јадења во институциите.
Ова беше тема и на неколку прес конференции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, каде информираа за луксузните набавки на Владата за време на епидемиja.
Прес 3 дена од ВМРО-ДПМНЕ информираа:
„Освен морска храна, Владата направила набавка на скапи пијалаци во екот на епидемија со корона. Додека граѓаните и стопанството едвај врзуваат крај со крај, за владата на СДСМ не постои криза. Тие парите ги трошат за набавка на 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон-виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ и вотка. Ова го набавуваат како продолжеток на досегашните милионски набавки на школки, шкампи, лигњи, октоподи и друга морска храна, но и апетисани, ф’стаци, лешници и бадеми”.