Владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира премиерот Емил Димитриев при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден.
За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра. Тимовите за проценка се на терен и работат на утврдување на настанатата штета, рече Димитриев.
Граѓаните од Илинден побараа да се донесат пумпи за испумпување на водата. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Илинден Жика Стојановски го придржужуваше премиерот Димитриев, рече дека за два часа ќе пристигнат 20 пумпи.