Производителите предвидуваат дека со новата цена на струјата, основните прехранбени производи ќе поефтинат најмалку за 10%
Во моментов светот ја доживува најголемата криза со снабдување со енергенси, а цената на мегават час електрична енергија на светските пазари е над 300 евра. Ова предивика огормно покаќување на цените на сите стоки, а исто така и на основните прехранбени производи. До сега, владата на Македонија беше фокусирана на заштита на граѓаните и домаќинствата преку субвенционирање на неверојатни 80% од сметките за струја, со цел да се заштити социјалната и економската стабилност на народот.
Владата најави дека ќе продолжи да ја субвенционира струјата со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98% од вработените во државата. Продолжува грижата за најранливите и понатаму, и 42.000 граѓани од најранливи категории, со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки.
Како продолжение на овие мерки за спас на стандардот на граѓаните, помошта се проширува и на Електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час ќе добваат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Според луѓето од индустријата, со овааа одлука на владата цените треба да се намалат за најмалку 10%. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании.
За да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја основните и средните јавни училишта при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија може да склучат договор за снабдување со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра по мегават/час.
Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ, има и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, со што ќе обезбеди непречено функционирање, односно непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават/ час електрична енергија.
Со цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување. Оваа одлука е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија.