Владата на денешната седница го разреши директорот на прилепскиот затвор

На денешната седница на владата усвоена е одлука за разрешување на директорот на КПУ Прилеп, Слободанчо Ристески.

Ристески беше именуван на позицијата в.д. директор на оваа институција, набрзо по формирањето на владата минатата 2017 година.

Во соопштението на владата не пишува поради која причина Ристески е разрешен од фукнцијата.

Слободанчо Ристески, пред стапување на функцијата директор на КПУ Прилеп, беше професор по физичко воспитување во средното општинско училиште “Кузман Јосифоски – Питу” во Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.