Владата купува 100 нови амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра

Македонското здравство ќе добие значајно засилување со набавка на 100 нови амбулантни возила, одлука донесена на вчерашната владина седница. Инвестицијата е вредна 7,5 милиони евра и има за цел целосно да ја модернизира флотата за итна медицинска помош низ државата.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека оваа набавка е клучна за спасување животи, особено во критичните моменти кога секоја секунда е важна.

„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациентите до болниците и подобра покриеност како во урбаните, така и во руралните средини“, соопшти Алиу преку својот Фејсбук профил. Со оваа мерка се очекува значително да се скрати времето на чекање за медицинска помош во сите градови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.