Наставниците од основно и средно образование од овој месец, односно месечната плата за октомври ќе ја добијат за 5% повисока. Ова на денешната средба го дофоворија Владата и СОНК.
-Со задоволство можам да кажам дека завршија преговорите во делот на спорните работи, условно кажано во делот на зголемувањето на платите во дејност на средно и основно образование, во делот на континурано зголемување на платите во основното и средно образование и кочно на започнување и завршување на колективните договори, истакна на прес-конференција претседателот на СОНК Јоаким Неделковски.
-Во интерес на членството на СОНК и на јавноста можам да кажам дека и оваа година во основното и средно образование ќе има зголемување на платите, тоа значи дека од овој месец, односно со октомвриската плата вработените во основното и средно образование ќе имаат покачена плата од 5%, додаде меѓудругото Неделковски.