Владата вели: Инфлацијата до Нова година ќе биде 11,6%

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека се предвидува инфлацијата до крајот на годината да биде 11,6 насто. Информира дека Владата вчера разговарала да интервенира со цел да го прекине зголемувањето на цените, а една од можните мерки е сите производствени капацитети, особено од прехранбената индустрија, да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија.

Битиќи потсети дека во септември инфлацијата беше околу 18,6 насто и најави анализа за причините, односно дали е таа целосно инфлација која е направена само од еден сегмент или е увозно зависна.

-Таа не е мотивирана само од прехранбените продукти и растот на цените, туку и од други варијабли. Просекот кој што ние го предвидуваме до крајот на годината е инфлацијата да биде околу 11,6 насто. Ние вчера на Влада разговаравме за одредени можеби неконвенцијални или непрактични мерки, а тоа е како евентуално преку интервенции да го прекинеме овој синџир на зголемување на цени. Една од мерките која најверојатно ќе ја дадеме, а тоа е сите производствени капацитети, особено во прехраната да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија, за електричната енергија да не влијае дополнително на понатамошно зголемување, изјави Битиќи, при денешната посета на Битола.

Познато е, рече министерот Битиќи, МЗШВ преку интервентниот фонд се обидува да направи исто така добра интервенција кај земјоделските продукти кои не би требало понатаму да растат како основни суровини во производството на храна.

Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека има сет мерки кои што се поставуваат и тоа не е само нашата земја и се употребуваат насекаде низ светот каде постои кризата.

-Ги следиме состојбите и ќе направиме се што е возможно за да биде помало негативното влијание кај граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.