За неделниот ручек ние ви предлагаме да подготвите селско месо во грне и превкусни печени јаболки наполенти со ореви и суво грозје.
Потребно:
1 кг свинска пушена коленица
500 гр маринирани печурки
3 страка праз
5 суви црвени пиперки
3 моркови
5 ловорови листови
1 лажица мешан сув зачин
200 мл бело вино
Сол и бибер
Масло за јадење
Подготовка:
Месото се двои од коската и се сече на коцки. Празот се сецка и заедно со исецканиот морков се пржи на загреано масло. Од како ќе се испржи се додаваат исецканите суви пиперки, месото и печурките и целата смеса се динста околу 15 минути. Целата смеса се истура во земјено грне или огноотпорен сад ,се зачинува со зачин, сол и бибер , па се налева со виното и се става на печење околу 30-40 минути. Се служи со туршија и домашно вино за вистинска недела гозба.
Одличен десерт за студените денови.
Потребно:
4 јаболка
2 лажици шеќер
1 лажичка цимет
2 лажици мелени ореви
1 лажица суво грозје
сок од еден лимон и лимонова кора
мед
маргарин
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки. Во мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора, мелените ореви и сувото грозје. Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.
Полијте ги јаболката со малку мед и на секое јаболко од горе ставете една мала коцка маргарин. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина. Печете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Пред служење можете да декорирате со шлаг и цимет.