Како и секоја година, и оваа, жителите на населбата “Вишне” од Прилеп, одново ќе се соберат околу маалскиот параклис посветен на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносецоносец и ќе го одбележат големиот христијански празник.
Секоја година за овој ден, голем број жители од оваа населба, но и од целиот град доаѓаат и заедно празнуваат.
Така ќе биде и утре, за кога во 10:30 часот ќе се одржи света литургија.
Вишнемаалци преку социјалните мрежи ги повикаа сите прилепчани кои сакаат да присуствуваат да дојдат, да се помолат за здравје и бериќет и да запалат свеќа.
За многу години!