ВИТАМИНКА ќе ја приреди НАЈУБАВАТА ПРИЛЕПСКА празнична приказна досега – 7 дена музички настапи, забава и многу изненадувања

Од 24 до 31. декември платото пред Градскиот Саат во Прилеп ќе биде претворено во прекрасен новогодишен базар. Седум дена музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.

Покровител на настанот е компанијата “ВИТАМИНКА”, која во годината која ја очекуваме одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија за сите.

Од општина Прилеп упатуваат покана до сите граѓани заедно да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испешеме најубавата Прилепска празнична приказна!

Во текот на наредните денови најавена е и прес конференција на која ќе бидат соопштени сите детали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.