Витаминка се претставува на саемот “Интерфуд & Дринк” во Софија (ФОТО)

Витаминка од денеска се претставува на саемот Интерфуд & Дринк кој од 7 до 10 ноември по 17 пат се одржува во Софија.

Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа па како таков нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности.

На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари.

На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.

Витаминка со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет.

Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на Интерфуд & Дринк не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.