Витаминка го врати новогодишниот дух во Прилеп – Заврши “Прилепската празнична приказна” (Фото галерија)

Како најпрепознатлива прилепска компанија, Витаминка активно се вклучи во создавањето на „Прилепскатa празнична приказна“, настан организиран од градот, а наменет за граѓаните на Прилеп во пресрет на празниците. Преку своето присуство додаде дополнителна вредност и содржина, носејќи препознатлива радост и празничен дух што ја надополнија атмосферата на настанот. Со своето учество Витаминка придонесе за збогатување на содржините и во креирање на вистинска сцена со празнична магија наменети за сите генерации.

Во центарот на ова доживување беше Новогодишниот базар, кој со својот свечен изглед и разновидна понуда создаде атмосфера инспирирана од европските празнични базари. Културно-уметничката и музичката програма дополнително ја збогатија „Прилепската празнична приказна“, правејќи ја привлечна за посетители од сите возрасти.

Со учеството во оваа манифестација, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата поврзаност со заедницата и посветеноста кон поддршка на иницијативи што обединуваат, инспирираат и создаваат позитивна атмосфера. „Прилепската празнична приказна“ е симбол на заедништво, празнична радост и топлина, вредности што Витаминка континуирано ги негува и поддржува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.