Љубовта кон фудбалот, особено кон нејзиниот идол Франческо Тоти, и помогнале на младата девојка Илениа да се разбуди од 9-месечна кома. Девојката од декември, минатата година по тешка сообраќајна незгода паднала во кома.
Како верен фан на ФК „Рома“ и голем обожавател на фудбалерот Тоти, играчите ја знаеле Илениа и кога слушнале за нејзината сообраќајка и исходот од неа, снимиле видео порака. Специјална порака за поддршка за својот обожавател снимил и Тоти. По девет месеци се случило чудо.
Оваа приказна на својот фејсбук профил ја сподели групата „Genius footbal“, приказна кој никого не остава рамнодушен: „Илениа Матили (19) е млад фан на фудбалскиот клуб „Рома“, која беше во кома од сообраќајна несреќа во декември.
После 9 месеци во кома, нејзините родители објавија дека таа се разбудила слушајќи видео порака испратена од нејзиниот идол Франческо Тоти! „Илениа не се предавај, ти ќе успееш, сите сме со тебе“, е видео пораката на Тоти.
Младата Илениа се разбудила слушајќи го гласот на Тоти, велат нејзините родители и му се заблагодарија на Тоти:
„Вашиот фантастичен глас, во комбинација со страста, љубовта што Илениа секогаш ја имала кон „Рома“, го поттикна нејзиното будење и враќање на нејзината заразна насмевка“. Каква приказна. Фудбалот е повеќе од обична игра“.