Битолчанецот Никола Зацески, кој живее во Австралија, после повеќемесечна работа ја промовираше својата прва песна и видео запис, насловени како “Срцето мое тука чука”.
Никола успеа да направи спој на професионалци од Македонија и Австралија, а крајниот производ е вистинско ремек дело.
Се работи за прекрасна композиција со сцени од мариовското живописно село Зовиќ и Преспанскиот регион.
Продуцент и задолжен за музиката беше Николче Мицевски, а текстот е на Весна Малинова. За снимањето на песната беа задолжени XL Momiroski од Македонија и студиото на Горан Велјановски во Австралија.
Спотот пак е дело на Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев и Христијан Српцаноски во Македонија и Миле Манев во Австралија.
Во спотот се појавуваат и преубавите девојки Клаудија Бабаровска и Симона Митревска
Уживајте во продолжение: