Синоќешниот натпревар од италијанското калчо помеѓу Јувентус и Парма на Алијанц стадионот во Торино, ќе остане во вечно сеќавање на еден пар од Македонија.
Цане Ѓошевски одлучи токму пред исполнетиот стадион на клубот чиј фан е, да ја побара својата сакана Билјана Јованова за жена.
Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи помеѓу навивачите на Јувентус во Македонија, а младиот брачен пар доби голем број честитки.
Им посакуваме долг заеднички живот и многу радост и среќа!