ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ: Офицер на АРМ спаси живот на девојче со епилептичен напад повредено во сообраќајка

Завчера во Штип се случи сообраќајна несреќа во кој беше повредено девојче со епилепсија.

Ј.Б, офицер од Штип за “Курир” изјавил дека вчера во 17 часот на излезот од Штип се случила сообраќајна несреќа, кај Кампуш 4.

-Девојчето кое управуваше со автомобилот изгуби контрола над возилото и излета од патот. Застанав бидејќи бев зад неа. Излегов од мојот автомобил и трчав кон нејзиниот. Колата и чадеше, а останатите беа исплашени да не експлодира. Јас не застанав, отидов до автомобилот, ја извадив, и видов дека беше повредена на главата и на рацете. Бидејќи е епилептичар, почна да се тресе и го проголта јазикот, раскажува Ј.Б.

Офицерот бргу се снашол во ситуацијата.

-Бидејќи како што кажав, јас сум офицер во АРМ и добро сме обучени за такви ситуации постапив правилно. Ја спасив и вршев компресија на нејзините рани да не искрвави се додека не дојде итна помош. Кога дојдоа докторите, еден од нив ми побара име и презиме за да ми дадат благодарница бидејќи ја спасив девојката, продолжи Ј.Б.

Малкумина знаат како вистински да реагираат во таква ситуација. Несвесни за сериозноста, како што вели Ј.Б. некои од присутните со телефони снимале што се случувало.

-Иако имаше многу народ ме оставија сам околу неа, да се грижам се додека не дојде брзата помош. Останатите со телефони снимаа што се случува. Жално, но вистинито. Единствено ми донесоа вода да ја измијам крвта од рацете, констатира Ј.Б.

Тој укажува дека девојката потоа се освестила и рекла дека некој ја следел.

-Најверојатно бегала од некого и поради тоа изгубила контрола над возилото, констатира Ј.Б.
Потоа тој и рекол дека додека е со него таа е безбедна и потоа девојчето се смирило.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.