Вистински предизвик за “Специјалниот”: ФК Осогово го кани Мурињо да им биде тренер

Жозе Мурињо изминатиот викенд со Манчестер Јунајтед загуби кај Ливерпул со 3:1, а тоа ја прели чашата па “специјалниот” доби отказ.

Но, кога се има реноме какво што има тој, приликите се појавуваат на секој чекор.

Македонскиот третолигаш од истокот упати директна понуда до Мурињо да го преземе кормилото во нивниот клуб.

“Жозе Мурињо дојди кај нас! Нема што да загубиш, ние сме шампиони посекако, барем ќе научиш македонски јазик”, напишаа од ФК Осогово на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.