Велат дека од чаршиски деца бидуваат само фини нешта. И не згрешиле, барем кога станува збор за овој млад прилепчанец.
Мартин Рутески, дечкото кој е познат кај младите по својот префинет моден стил, зад себе веќе има една успешна приказна со бутик “Скандал”, а сега на сите свои сограѓани и гости во градот под Марковите Кули ќе им го понуди Lussio Store, eден поинаков и уникатен моден бренд кој од денеска ќе го има само тука, во строгиот центар на Прилеп.
Станува збор за нешто ново и посебно, една врвна класа на машка облека, што ќе воведи нов тренд како кај младите, така и кај повозрасните припадници на посилниот пол.
Во пресрет на денешното отварање, Мартин се погрижи да го најави својот бренд онака како што доликува, со висок стил и класа, преку одличен видео спот кој плени.
Погледнете во продолжение и очекувајте повеќе детали и фотографии во текот на утрешниот ден: