Челзи ќе треба да плати 375.000 фунти, а Тотенхем 225.000 фунти.
Натпреварот беше од голема важност за Тотенхем, кој тогаш беше со шанси за освојување на титулата, а водството од 2:0 го испушти и натпреварот заврши без победник 2:2.
Дуелот на лутите ривали беше исполнет со нервоза и груба игра, а судијата Марк Клатенбург покажа вкупно 12 жолти картони за двата тима (Челзи 3, Тотенхем 9). Тотенхем не победи и се „прости“ со титулата и шампионатот го заврши на третото место, додека Челзи лигата ја заврши на 10-та позиција.