Прилепчани претрпеа висок пораз на првиот од двата натпревари од првото коло во ЕХФ Купот. Швајцарскиот ПФАДИ Винтертур покажа голема супериорност и надмоќ над екипата на РК Прилеп.
Крајниот резултат на натпреварот беше 19:42, на полувреме беше 10:20.
Кај прилепчани предничеа Ѓорѓиески Пеце со 5 погодоци, а Бозароски Александар и Ангелоски Филип постигнаа по 4.
Повратниот дуел се игра вечерва од 19:00 часот во Универзалната сала во Прилеп и ќе претставува чиста формалност, имајќи ја во предвид високата разлика од 23 голови, што Швајцарците ја постигнаа при вчерашниот дуел.
[Best_Wordpress_Gallery id=”356″ gal_title=”PrilepVintertur”]