Унгарија од сабота, воведува нов фонд за олеснување на економските последници од пандемијата на корона вирусот во земјата. Премиерот Виктор Орбан, најави дека во вторник ќе ги образложи деталите, за, како што го нарече – најголемиот економски стимул на земјата, додавајќи, дека сите економски планови се насочени првенствено на вработувањето. Орбан рече, дека пакетот за економски стимул, ќе мора да одговори на кризата, бидејќи само до крајот на март има загуба на десетици илјади работни места во Унгарија.
Мора да создадеме што повеќе работни места, исто, колку што уништува кризата. Пандемискиот фонд ќе биде усвоен во сабота, а деталните планови за економскиот стимул ќе ги објаснам во вторник – изјави Орбан за државното радио.
Претходно, унграската влада доненесе мерка, со која, здравствените работници ќе добијат годишен бонус од 500.000 форинти односно околу 1.400 евра, за да ги надоместат дополнителните оптоварувања и ризикот од борбата против вирусот.
Унгарија, како и повеќето други земји, веќе е погодена од падот на економијата предизвикан од епидемијата на КОВИД-19. Деловните активности престанаа во важни сектори, а автомобилската и туристичката индустрија се на работ на колапс.
Орбан рече дека Унгарија нема да им се придружи на земјите што обезбедуваат неограничени средства за кризата, но ќе се фокусира на зачувување на работните места, и сите пари што сега ќе се вложат за тоа, подоцна ќе треба да се вратат.
Од доаѓањето на власт пред десетина години, Орбан успеа да ја извлече унгарската економија од голем долг и да го намали дефицитот.