Во 18 часот и 50 минути во Полициската станица Крушево, било пријавено дека во селото Алданци има починато лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека пред семејната куќа во селото Алданци, во дворот има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот. Од страна на медицинска екипа од Здраствен дом Крушево констатирана е смрт на 52-годишниот М.П.
За настанот известен е Јавен обвинител кој извршил увид на местото на настанот.
Во врска со настанот во полициска станица приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.