„Табана“ Кафе и билијард клуб ве поканува на одлично летно освежување во најубавата летна бавча во Прилеп.
На добро познатата локација пред зграда “Табана”, каде летово уживаме под најубавата природна сенка во Прилеп, разладувајќи се со разно-разни освежителни пијалоци, утре (сабота) 23.08. со почеток од 22:00 часот, ќе се дружиме заедно со BALKANIKOS Band.
Станува збор маестрален музички состав од Охрид, млади дечки, кои знаат да понудат одлична забава. Неодамна ја издадоа и својата прва прва песна насловена како “МИЛА”.
Одличен начин да го започнете викендот, а се’ што ви треба е да соберете со вас убава екипа и заедно да си поминете една прекрасна вечер со супер музика.
Летната бавча на „Табана“ Кафе и билијард клуб нуди широк простор, но наш совет е да побрзате и навреме да си резервирате маса на телефонскиот број: 078 922 922.
Дојдете да уживаме во последните денови од летото!
Сабота – 23.08. – 22:00ч. – „Табана“ Кафе и билијард клуб!