ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Следните три дена ќе се топи асфалтот

vremegorestina

Времето во Македонија претпладне на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од  25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Уште од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени. Многу топло ќе биде и на почетокот на работната недела.

untitledoi4658568u54684655y4565y56u5656




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.