Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд.
Утринската температура ќе се движи од два до пет, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во сабота попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Температурата ќе биде без поголеми промени, во сабота во интервал од девет до 14, додека во недела од шест до 12 степени.