Викенд временска прогноза

Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлини ќе има појава на магла, информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет, кога на планините врнежите ќе бидат од снег.

Прогнозите на УХМР покажуваат дека во претстојните неколку дена ќе нема утрински минусни температури и оти максималните дневни ќе достигнат и до 16 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.