Од полицискиот билтен со дневни настани на МВР
-Денеска (27.08.2022) во 03 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола, по судска наредба од Основен суд Битола, приведен е К.Т.(37) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор во траење од една година за извршени тешки кражби. К.Т. е спроведен во КПУ Затвор Битола за издржување казната.
-На 26.08.2022 во 20.00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 27.08.2022 во 01.15 часот било пријавено дека во угостителски објект во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две групи на лица, по што истите биле отстранети од угостителскиот објект. Се работи на расчистување на случајот.