(Видео)ХАОС ВО БРИСЕЛ: Неонацистите излегоа на улица, се судрија со полицијата!

Приврзаници на радикалните десничарски организации се собраа во центарот на Брисел, а полицијата мораше да користи водени топови за да ги спречи инцидентите. Како што пренесуваат локалните медиуми, десничарите се собрале во центарот каде што претходно се одржа организиран собир во чест на жртвите од неодамнешниот терористички напад

brisel_nacisti

Медиумите јавуваат дека се видени и нацистички поздрави, знамиња и обележја, а се палат бакли и се фрлаат петарди.

Иако „Маршот против стравот“ е одложен поради безбедносни причини, луѓето се собраа во центарот на Брисел да им одадат почит на жртвите. Меѓутоа се појаву група самопрогласени фашисти, која извикуваше нацистички пароли, пренесува Телевизијата Н1.

Голем број полицајци се присутни во централниот деле на Брисел, на местото кое се наоѓа недалеку од станицата на метрото каде што се случи минатонеделниот напад.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.