(Видео)РУСКИОТ АМБАСАДОР ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ: По нападот рускиот амбасадор починал во болница – терористот фатен на камера!

Рускиот амбасадор во Турција им подлегнал на повредите по нападот во Анкара, каде што присуствувал на изложба на фотографии, потврди Руското МНР.

napagjac

Нападот на Рускиот амбасадор во Турција е „акт на тероризам“, вели портпаролот на Руското МНР Марија Захарова.

„Непозната личност отворила оган за време на јавен собир во Анкара. Како резултат на тоа, Рускиот амбасадор во Турција добил прострелна рана“, изјави Захарова претходно.
Амбасадорот, Андреј Карлов, беше повреден за време на говор кој го одржувал во салата.

Фотографии на кои се гледа терористот со оружје се шират по социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.