Пеколната жештина во американскиот национален парк Голем Кањон, Аризона, ја натера една верверица да се спријатели со луѓето, барем на кратко.
Ова животинче беше толку жедно што се спријатели со туристите, кои со неа споделија шише со вода.
Пол Кампс, кој неодамна со девојката го посети овој национален парк, краткото дружење со верверицата го забележал со камера, пренесува Дејли Меил.