(Видео) Јохан им се обрати на иселениците: “На 15-ти ќе се решава за судбината на Македонија, дојдете и гласајте”

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, ги повика иселениците на 15-ти јули да дојдат да гласаaт, бидејќи како што вели тој во своето видео обраќање на 15-ти ќе се решава за судбината на Македонија.

– Браќа и сестри Македонци, кои се наоѓате ширум белиот свет, од Америка до Австралија, од Канада до Нов Зеланд денеска се наоѓам во Штип на легендарниот Исар во срцето на Македонија. Сакам да ви упатам еден апел, сите заедно да дојдеме на 15-ти, да гласаме, да гласаме затоа што е датум кој е судбина на Македонија, кога се решава судбината на Македонија. Вие македонските иселеници ако не бидете тука и не помогнете, за цел живот ќе ве тлее една нервоза, една капка kpв во себе која ќе каже дека во најтешкиот момент кога се решаваше судбината на татковината, вие не дојдовте и не помогнавте на татковината . Затоа, уште еднаш ќе ве повикам, браќа и сестри, горди Македонци, 15-ти е датумот кога се решава судбината на Македонија, 15-ти е датумот да се биде или не, на 15-ти се решава дали ќе бидеме Македонци или дали сами ќе решаваме за судбината на Република Македонија, повикува преку своето видео обраќање кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.