(ВИДЕО) ЈАДРАНОТ ПРЕПОЛН СО ОПАСНИ МОРСКИ ЧУДОВИШТА: Доаѓаат од топлите краишта, а меѓу нив е и …

Минатата недела светот го потресе веста за нападот на ајкула врз чешки државјанин, кој со семејството бил на летување во Египет. Неговото тело беше пронајдено на плажата Марса Алам, а локалните жители предупредуваат дека не е памето да се плива далеку, бидејќи можноста за напад од ајкула е се поголема.

Голема бела ајкула неодамна беше забележана во близина на брегот на шпанска Мајорка. Страшната глетка ги избрка туристите од плажата, а спасувачите мораа да се транспортираат подалеку од брегот, пишува 24сата.хр.

Видовме и видео во кое биолог беше мета на голема ајкула. Овие напади се реткост, но ова видео покажува дека се возможни.

Според некои податоци, температурата на Јадранско море во последниве десет години се зголемила за 1.2 степени, изјави Ален Солдо, експерт од Одделението за студии на морето од Универзитетот во Сплит.

Поради загревањето во Јадранот се забележани многу видови кои ги немало во минатото и кои се невообичаени за ова подрачје. Особено може да се забележат острозабиот гуштер, африканскиот косторог, надувана риба и слични видови. Зголемените температури, вели Солдо, влијаат за збогатување на Јадранот со новите видови. Од Црвено море одат во Медитеранот, а потоа во Јадранот.

“Податоците покажуваат дека неделно еден нов вид од Црвено море се движи кон Медитеранот. Притоа не станува збор само за риби, туку и за корали… Растењето на температурите може да влијае на промената на животните навики на ајкулите. Бројот на ајкули во светот се намалува, па денес има околу 500 видови, од кои 28 има во Јадранско море”, објаснува Солдо.

“Големата бела ајкула поднесува различни температурни распони. Во Јадранот е поврзано исклучиво за јатата со туна. Како се движат туните, така се движи и ајкулата”, објаснува Солдо и додава дека големата бела ајкула, која е и најопасна, е повремен жител на Јадранско море.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.