По две недели во болница лекарот препорачал ампутација на раката до лактот поради ризик некрозата да се прошири до срцето.
Хенри Мофет е Британец кој доживеал вистински хорор поради момент на невнимание – сето тоа поради банана. Тој за “Гардијан” ја раскажа својата страшна приказна:
Беше тоа октомври 2012 година. Гледавме фудбал со мојот пријател Џејмс во Лондон. За време на второто полувреме одлучив да земам банана од чинијата за овошје. Почувствував како нешто ме каснува и левата рака ми се здрви, на никој не му беше јасно за што се работи.
Се чувствував лошо, па со такси се вратив дома. Штом влегов, како да имав грип, па си легнав во кревет. Мојот цимер Тревис гледаше филм во својата соба кога имав лоши соништа и започнав да викам.
Ме слушна, но претпоставил дека ќе престанам, па затоа ставил слушалки и го изгледал цел филм.
Но откако ги извадил слушалките забележал дека јас сеуште викам. Откако не сум одговорил на неговото тропање, тој ја пробил заклучената врата во мојата соба.
Ме пронашол во лоша состојба, како викам и цврсто ја држам мојата лева рака. Брзо ме стави во такси и ме одведе до најблиската болница.
Додека медицинската сестра ми мереше температура забележав како се исплаши. Наскоро ме одведоа во амбулантата за да ме прегледа екипа за тропски болести од локалната болница. Во амбулантата бев свесен и поставив милион прашања, но набрзо изгубив свест.
Паднав во состојба позната како хиперпирексија, што е екстремен раст на внатрешна телесна температура.
Пресадена ми е кожа од ногата како би се надохнадило ткивото кое го загбив на раката. Тоа беше најлошиод дел од ова мое искуство – беше многу болно. Мојот пријател Џејмс не дозна за пајакот во својот стан се додека тоа не беше соопштено од болницата, а потоа го дезинфицираше целиот простор.
Никогаш не го видов пајакот кој ме касна, но сега внимавам на секој чекор.